Четири годишната битка на граѓанските активисти за дислокација на дивата струшка депонија се префрла во судница

Четири годишната битка на граѓанските активисти за дислокација на дивата струшка депонија се префрла во судница. Глувоста на институциите кои цели 15 години го игнорираат проблемот со депонијата, оддалечена само еден километар од Струга. ги натера членовите на Македонското здружение на млади правници да поднесат тужба против Министерството за животна средина, Општина Струга и Ј.П. „Комунално“ поради непревземање мерки за справување со истата. Судскиот процес почнува на 9-ти април.

Додека ја спремав тужбата дојдов до податоци кои што се малку постари,но се и до ден денес релеватни, дека на годишно ниво во општина Струга се одлага околу 40.000 тони отпад.Што значи дека сиот овој отпад се одлага на оваа депонија и тоа би значело просечно во годината во висина да расте оваа депонија по спрат и пол или два спрата – вели адвокатот Глигорие Ќатоски.

-До сега неколкупати се понесуваа кривични пријави против непознат сторител кои практично завршуваа во ќорсокак, затоа одлучивме да ја поднесеме оваа граѓанска тужба,која е прва од ваков вид во државава-вели Ќатоски.

Политичарите како на централно, така и на локално ниво ја злоупотребуваа состојбата за меѓусебни препукувања и себепромоција а ништо не направија.На хартија се обезбедија пари за депонијата, но таа не се дислоцира, единствено се направи претовара станица, која никогаш не профункционира-обвинуваат дел од гратските советници.

Тука сме пред една планина од смет,оваа депонија за која се трошат вртоглави суми пари,а која на стружани има ја донесе Рамиз Мерко пред неколку години се наоѓа на најплодното земјиште во градот Струга.За последните три години, 2018, 2019 и 2020 година, потрошени се вкупно 563.000 евра за одржување на депонијата. Дури и парите дадена од Владата за пакување и отстранување на отпадот исчезнаа – изјави Имер Имери – советник.

За ова преку социјалната мрежа фејзбук се огласи градоначалникот Рамиз Мерко отфрлајќи ги како неточни,обвинувањата на советникот Имери.Инаку,дивата депонија за која пред две години Мерко рече дека  е толку чиста, што таму може да се оди и на пикник повремено повторно чади и ги трие стружани.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста