Четири дена пациент со Ковид 19 лежел во битолската болница – паника во Интерно oдделение

Синоќа во Интерното одделение на Клиничката болница во Битола каде што има најголема фрекфенција со пациенти, се кренало паника, откако за лежечки пациент после четири дена стасаа резултатите од тестот за ковид- 19 и се утврдило дека е позитивен. Веднаш биле повикани епидемиолози, и на посебна патека и со соодветен протокол, бил префрлен во Инфективното одделение. Претходно, битолчанецот кој има психијатриска дијагноза бил предозиран со лекови и примен во Ургентното одделение на Клиничката болница, а потоа упатен на Психијатрија. Меѓутоа, заради неговата состојба, конзилијарно бил упатен во Интерното одделение каде бил сам во соба, а сонеж за ковид и барање за тест се појавил, поради тоа што на 3 април претстојувал во Дневната душевна болница во Демир Хисар, заради примање месечна терапија.
– Се појави еден сомнеж дека можеби имал некаков контакт со лица кои што би можеле да го стават во групата на суспектни пациенти за ковид. Неговата ситуација беше доста критична која што бара интернистички третман и поради тие причинибеа консултирани епидемиолози, консултиран беше главниот координатор за психијатрискибочлести д-р Бајрактаров и за целокупната состојба беше одлучено по направените лабораториски параметри, пациентот да се префрли на Интерно одделение – рече д-р Билјана Гагачева, директор на Клиничката болница во Битола.

Иако директроката на Клиничката болница тврди дека с`е било безбедно спроведено, сепак лекарите од Интерно одделение го мислата спротивното и синоќа јавно реагираа на социјалните страни.
– Почитуван колега и министер Венко. Четири дена чекавме резултати за лежечки пациент на Интерното одделение, за сега во овие касни саати да разберам дека е пзотивен за КОВИД – 19 Нема да се помирам и да ја прифатам оваа лакрдија. Слободно казнувајте ме колку сакате, но неспособните да ги смените веднаш. Таков гнев и револт чуствувам, што не се опишува. Цел месец укажував дсека не сме на ниво и еве дојде до ова од кое се плашев. Потфрливме и за ова барам да се одговара- напиша на својот фејсбук профил д-р Боби Трајковски, од Интерното одделение во Битола.

На денешниот прес, д-р Гагачева се закани со кривични пријави.
– Ги повикувам институциите во државата како СВР Битола, ОЈО и ги охрабрувам да го испитаат случајот за ширење на паника, дезинформации и лажни вести по социјалните медиуми. Клиничката болница се разгледуваат правните можности и ќе поднесе кривична пријава во текот на денот- рече на денешниот прес д-р Гагачева.

Од денеска, единаесет здравствени работници кои беа во контакт со пациентот се ставени во домашен здравствен надзор. Во Инфективното одделение, во моментов има осум лежечки пациенти со ковид и уште осумина се на домашно лекување под здравствен надзор.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста