Челзи направи голем исчекор кон Лигата на шампионите

Челзи минимално го победи веќе испаднатиот од Премиер лигата Норич и направи голем исчекор кон Лигата на шампионите. Сините на Френк Лампар сега имаат 63 бода, четири повеќе од конкурентите Лестер и Манчестер Јунајтед кои во пресрет на средбите од оваа 36-та рунда во Англија имаат по 59. Челзи до крајот има дуели кај Ливерпул и со Вулверхемптен дома,  Лестер игра со Шефилд, Тотенхем и Јунајтед, а црвените од Манчестер имаат натпревари со Кристал Палас и Вест Хем, и споменатиот на Кинг Пауер стадионот на 26. јули.