Челзи го договори најскапото засилување во историјата

Каи Хаверц ќе стане нов играч на Челзи. Договорени се сите услови и обештетувањето па несомнено германскиот интернационалец ќе стане и најскапиот играч во историјата на лондонските “сини“. Хаверц ќе го чини Челзи 85 милиони евра, тоа е за 5 милиони повеќе од голманот Кепа Аризабалага кому Лампард во моментов му бара замена бидејќи не е задоволен од неговата форма. Баер Леверкузен ќе го потврди трансферот дури по завршувањето на настапите во Лигата на Европа, но јасно е дека сите потребни услови за трансфер се веќе реализиран па останува само уште неговата официјализација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста