Чекор, по чекор Таравари ја собира Алијанса на своја страна, Села не се откажува – закажа Собрание за во сабота

Чекор, по чекор Таравари ја собира Алијанса на своја страна, Села не се откажува – закажа Собрание за во сабота

Двајца, од тројца министри застана зад него, има потписи кои му обезбедуваат мнозинство во партиското Собрание, голема поддршка во Академијата и народ на улица – Таравари ја има Алијанса за да и се приклучи на опозицијата. Дали цела партија или поделена, ќе се знае во сабота за кога неговите противници предводени од Села, и потајно потурнати од ДУИ, закажаа седница на партиското собрание во надеж дека ќе го урнат Таравари и неговата одлука.  На собранието треба да одлучуваат 133 членови, но досега дури 80 веќе ставија потпис за поддршка на политиките на Таравари. Тој веќе има и поддршка од мнозинството од Академијата во партијата.

Аналитичарите сметаат дека одлуката на Таравари е оправдана, затоа што со неа после подолго време Албанците во Македонија ќе имаат јасен избор: од едната страна обединета опозиција, од друга останување на ДУИ во власта.

  • „По подолго време, условно кажано имаат чист избор. Ваму имате партии кои се во опозиција, ваму имаат ДУИ и одредени сателити околу него, кои што се во власт. И тогаш ќе им биде поедноставен изборот, тоа можеме да го кажеме со сигурност затоа што тоа ќе се случи. Тоа што не го знаеме е на која партија ќе се случи е на која страна ќе се определат граѓаните – гласачи“ вели Владимир Божиновски – политички аналитичар.  

Актуелниот председател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари ја ужива довербата од поголемиот дел од членството на партијата. Доколку дојде до поделба во партијата, било каква политичка форма на чело со Села не би имала голема веројатност да опстане“ вели Џавдет Хајредини – поранешен министер за финансии.

Таравари, кој веќе најави промени, ќе треба да реферира пред Собранието за политичките случувања пред престојните избори.

  • „Знаев дека гласот на народот е за соработка со опозицијата. Тоа го заклучив зборувајќи со шефовите на ограноците, говорејќи на состанокот на претседателството пред еден месец. Но, сега кога ја гледам поддршката од населението, сигурен сум дека ова мора да го продолжиме, со што ќе им ја донесеме промената за Албанците. Среќен сум што ги имам луѓето со мене. Сега најмногу што им треба на Албанците е да им донесеме промени. Верувам дека на 8 мај заедно ќе славиме. На моето барање за соработка со опозицијата позитивно одговорија 70 отсто од парламентарците“ – рече Таравари.

Поддршката Таравари несомнено ја има од и двајца актуелни министри, Меџити за здравство и Алиу кој го води Информатичко општество и администрација. Тие застанаа синоќа зад лидерот кога пред неговиот дом се собраа стотици граѓани да му дада поддршка за коалицирањето со опозицијата во политичкиот блок на албанските партии.

Битката од внатрепартиска се префрли и со пресметки на улиците. Пред домот на Таравари беше оставен куршум, додека Дритон Небиу кој дава поддршка на Села бил физички нападнат.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста