Чекајќи да позелени, Тетово ја губи битката со чистотата и загадувањето

“Забрането фрлање на отпадотци”-но, само напишано на таблата. Иронично,срамно и жално.Ова е Тетово,ова е грдата и реална слика на градот кој се чини ги живее најтешките денови, кога се работи за чистотата и загадувањето.Депонии среде град,а во нив секаков смет-покуќнина, бела техника, храна, коски од животни и неподнослива смрдеа.Тетовци не паметат градот толку да бил запуштен.Прашуваат, ова ли е зелената агенда на ДУИ, која осум години го води Тетово.

Повеќе од еден месец како ДУИ се ребрендираше во зелена партија,но, не покажува ниту малку волја во таа насока,коментираат екологистите. Пример се градовите кои ги води токму оваа партија, а се едни од најзагадените.

Менаџирањето со отпадот од секогаш било проблем на тетовските локални власти.Немање волја или пак знаење како да се реши проблемот со ѓубрето,го направија Тетово еден од најзагадените градови.Чекајќи ги властите да се свеснат што прават,градот веќе ја губи битката за здрава и чиста животна средина.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста