ЧЕФЕРИН: УЕФА МОРА ДА ГО СПРЕЧИ СОЗДАВАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА СУПЕРЛИГА

Откако е се поизвесно формирањето на европската Суперлига, првиот човек на УЕФА Александар Чеферин беше дециден дека такво нешто мора да се спречи. ФИФА ја поддржа идејата најбогатите европски клубови да бидат дел од ново натпреварување чии главни поддржувачи се гигантите од англиската Премиер лига, но меѓу кандидатите кои се заинтересирани за учество се и Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Јувентус, ПСЖ. Според досегашните информации обезбеден е потребниот почетен капитал од 6 милиони евра, па може да се очекува веќе од јуни 2022-та година Европската Суперлига која ќе брои 18 екипи да стане реалност. Системот на натпреври е секој со секого, а најдобрите продолжуваат во плеј-оф.

Јансо е дека стартот  на вакво нешто ќе значи и крај за Лигата на шампионите барем онаква каква ја знаеме досега, па затоа и претседателот на УЕФА, смета дека со ова ништо не добиваат просечните и помалите федерации и клубови, а ќе бидат уништени вистинските фудбалски вредности, солидарноста и еднаквоста.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста