ЧЕФЕРЕИН: ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО СО ПУБЛИКА И НА СИТЕ ПРЕДВИДЕНИ ЛОКАЦИИ

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин смета дека Европското фудбалско првенство во текот на летото ќе се одржи според предвиденото, а тоа значи, и со публика и на сите 12 локации, како што беше предвидено. Словенецот признава дека постојат и други варијанти, но дека сега за сега се држат за основната, за која, пак, вели дека е прекомплицирана и дека Европската куќа во иднина нема да планира такви потфати со многу градови-домаќини. Во интервјуто за медиуми во соседството Чеферин признава дека е изненаден од селекцијата на Македонија и од нејзиниот пласман на завршницата и не крие дека е среќен за тоа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста