Централна Грција – идеална дестинација за летување

И додека останатите земји од регионот ги затвораат границите за нас, Грција ги повикува туристите од Македонија. Освен тоа, традиција за нашите туристи е да отидат до Халкидики и тамошните летувалишта, главно поради близината.

Но, вистинскиот хит ова лето ќе биде Централна Грција и тоа не само поради кристално чистите сини води, туку поради палетата понуди која ја има на располагање.

Фтиотида е срцето на Централнниот дел на Грција и во последно време се покажува не само како алтернатива, туку и како прв избор на се повеќе туристи.

Патниците ја опишуваат Фтиотида како Грција во мало, што значи дека има да ви понуди речиси се на едно место. Главно, недопрена од масовен туризам, ова е место во кое навистина можете да уживате со семејството. Исполнета со природни убавини, историски, верски и археолошки локалитети, одлична локална храна и традиции, а секако тука се и приморските, но и планинските ризорти. Фтиотида се смета за регион за сите сезони.

Тука се Парковите Оета и Парнасос, кои нудат одлични можности за хајкинг, како и едукативни тури и за возрасни и за деца. Понатаму, регионот е познат по своите термални извори кои годишно ги посетуваат илјадници туристи. За љубителите на историјата, има археолошки музеи во Ламиа и Аталанти, потоа византиски музеи, тврдини, особено онаа во Ламиа, која е изградена над долината на реката Сперхеј. Особено впечатлив е манастирот Агатон со својата богата историја, но и богатата фауна распространета во неговата околина.

Секако, тука се и Термопилите, фамозниот теснец каде грчките градови-држави во антиката го победиле моќното Персиско царство.

И за крај, да ги споменеме прекрасните крајбрежни места кои привлекуваат туристи од самата Грција: Агиос Константинос, Камена Вурла, Скала, Аталанти, Теологос, Глифа.

Знаете како велат: ако сакате дазнаете кои локации се добри во една земја, следете ги локалните жители.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста