Центарот за управување со кризи со соопштение за состојбите со врнежите

Состојбите со врнежите од дожд на ден 07.08. 2020 година до 12:00 часот

Според информациите добиени од Регионалните центри за управување со кризи, засега состојбата со водотеците е стабилна и не се регистрирани посебни зголемувања на истите, како и излевања.
Скопски регион
По обилните врнежи од дожд што го зафатија градот Скопје и околината, до овој момент нема добиени известувања за појавени излевања и проблеми од врнежите.
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека нивни екипи со цистерни и вакум цистерни работеле на исцрпување на вода на критичните места во градот каде во вакви ситуации најчесто се собира поголемо количество вода. Во моментов состојбата е нормална.
Битолски регион
Од обилните врнежи од дожд на територијата која ја покриваат (Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и Демир Хисар) нема предизвикано никакви штети. Нивоата на реките се покачени, но без опасност од излевање.
Струмички регион
Од врнежите од дожд и невремето, на територијата што ја покриваат (Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш), имаат добиено известување за последици во с.Ораовица каде има оштетување на водоводна цевка и во текот на денешниот ден се врши санација на дефектот. Во Радовиш се врши расчистување на наносите на улиците по обилните врнежи.
Охридски регион
На територијата Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод, по врнежите од дожд нивото на речните корита е нормализирано.
Велешки регион
Од досегашните врнежи во Велес, Свети Николе, Кавадарци и Неготино, нема настанато поголеми штети.
Од РЕ Македонија пат – Неготионо известуваат дека интервенираат на појавени помали одрони на патните правци во нивна надлежност. Сообраќајот се одвива нормално.
Во Кавадарци ЈП „Комуналец“ врши расчистување на наноси на ул.Калница како и проверка на одводните шахти низ градот.
Штипски регион
Во с.Горни Подлог (опш.Кочани) дошло до излевање на Кочанска река при што се поплавени куќи и дворови. Екипи од ЈП „Водовод“ и ЈП „Водостопанство Брегалница“ вршат санација на коритото на Кочанска река а тимови од ТППЕ – Кочани вршат испумпување на вода од поплавените куќи и дворови.
ТППЕ – Кочани имала и осум интервенции за испумпување вода од поплавени објекти во градот Кочани.
Од РЦУК Пробиштип известуваат дека заради поројните дождови дојде до заматување на Зафат 1 (дел од системот Злетовица). ЈКП ХС Злетовица од 20:00 часот не испорачува вода до филтер станицата. Бидејки резервите со вода се при крај можно е да дојде до прекин со водоснабдувањето во градот. Заради повремени прекини со електроснабдувањето во моментов има повремени прекини и во водоснабдувањето.
Кумановски регион
На подрачјето на Куманово, Кирва Паланка и Кратово има врнежи од дожд кои допринеле да има мало зголемување на нивото на водотеците, но засега нема опасности од излевања.
ЕВН Куманово известува дека заради дефекти на електромрежата без електрично напојување се корисниците од селата Лојане, Ваксинце, Табановце, Слупчане, Оризаре и Белановце (опш.Липково).
Во општина Ранковце без електрично напојување се потрошувачите од селата Псача, Петралица, Гиновци и Баратлија.
Во општина Кратово заради заматеноста на водата која доаѓа во филтер станицата намалена е количината на обработена вода со што одредени зони од градот се без водоснабдување или со намален притисок во водоводната мрежа.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известуваат:
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА 24 часа, до 08:00 часот (во л/м2):
62 Струмица, 54 Прилеп, 50 Скопје-Зајчев Рид, 48 Скопје-Петровец, 42 Претор, 41 Битола, 38 Д.Капија, 31 Куманово, 28 Штип, Виница, 27 Гевгелија, 25 Крушево, 23 Берово, 17 Тетово, 16 К.Паланка, 13 Охрид, 10 Дебар, 7 Дојран.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД
Утре времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во недела претпладне времето ќе биде сончево, а попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, но во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

https://www.facebook.com/CUKnaRSM/posts/3196357250444148

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста