Цените во градските пазари се покачија за Велигден

Цените во градските пазари се покачија за Велигден
Метеж, долги редици, непочитување на препораката за оддалеченост меѓу купувачите, гужва на по касите и на тезгите, но и покачени цени на овошјето и зеленчукот – ова беше денешната слика на градските пазари и маркети низ главниот град. Граѓаните во трка со времето, да испазарат и да ги подготват резервите со храна за најдолгиот 85 часовен викенд карантин, кој го опфаќа и големиот празник Велигден. За прва пат во историјата овој христијански празник ќе се слави во потполна изолација. На градскиот пазар, камерата на Алфа забележа повисоки цени од вообичаено, а и граѓаните не го одрекуваат истото.

Пазарџиите тврдат дека цените на овошјето и зеленчукот се покачени за мал процент и тоа поради високите набавни цени за време на пандемијата со корона вирусот.

Поделено е мислењето помеѓу граѓаните дали цените се превисоки поради празниците кои ни претстојат или моменталната состојба која наметнува строги мерки за заштита од ширење на вирусот. Забележливо е дека дел од зеленчукот и овошјето во маркетите може да се најде за дупло помала цена, но и покрај тоа, метежот на пазарите беше неизбежен.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста