Цените на горивата се намалуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 26.05.2020 година

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 57,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 49,00 ден/литар.

Нема промени во цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе продолжи за да продава по 37 и пол денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот минимално се намалува на 23,260 денари за килограм.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,69%.

Од Регулаторната комисија за енергетика соопштуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 1,89% или за 5,650 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 2,594% или за 7,400 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,264% или за 0,700 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,558% или за околу 1,150 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,3029 ден/$ и е за околу 0,464 % понизок од курсот на доларот (56,5651 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста