Царовска не ги коментира нападите на нејзината партија врз Алфа ТВ

Ни вицепремиерката Мила Царовска не наброја три лажни вести емитувани од Алфа ТВ, како што обвини СДСМ, тврдејќи истовремено дека сме финансирани од црни пари за да делуваме антидржавно.  Царовска се огради.

Oна кое сте го имале на прес конференција сте го слушнале, даден е ставот. Не сметам дека како министри треба да коментираме во моментот таква инфомација, истакна Царовска.

Вчера ниту Локвенец не изрази отворена поддршка за нападите врз Алфа од неговата партија.

Не сакам да коментирам, јас сум новинарско дете и целосно ги подржувам сите медиуми. Оставам на совеста, прво на новинарите водејќи сметка дека знам колку е тежок новинарскиот леб, ама од друга страна оставам и на пресуда на јавноста, вели Локвенец.

Веднаш по нападот од СДСМ, телевизијата упати покани до било кој од владините функционери да гостува во било која наша информативна емисија – за да ги покаже доказите  за обвинувањата, но од владеачката партија наместо излегување на мегдан и изложување на факти, СДСМ засега, не прифаќа соочување. Дали странските фактори им забележале дека ваквите напади се недозволливи и контрапродуктивни? Два дена по ред партијата паузира од прес конференции на тема Алфа.

Додека чекаме некој од социјал- демократите да се одважат на поканите, потсетуваме како изгледаат лажни вести.

Кој бре тоа ќе споведе во Радовиш, Струмица, Прилеп, Кавадарци…двојазичност? Глупости невидени, до каде забегаа? Вака изгледаа изјавите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев во 2016тата година.

Пред четри дена Алфа ТВ и нејзината уредувачка политика  беше нападната од страна на владеачката СДСМ. Портпаролката Богданка Кузеска неаргументирано обвини дека Алфа продуцира лажни вести, се финансира со црни пари и е анти-државен елемент.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста