Бузаку поднесе кривична пријава против Реџепи, го обвинува за криминал од 700 илјади евра

Нов пресврт во сапунскиот скандал со ИВЗ. Скендер Бузаку не можел да биде поглавар на Исламската верска заедница, ваква одлучила Апелација по жалбата поднесена од Реисот Сулејман Реџепи, а причината е дека Бузаку бил премлад за поглавар. Тој за Алфа вели дека се уште не ја добил пресудата, а прашува како таа стигнала во ИВЗ, бидејќи како што велли, истата се уште не пристигната ниту во првостепениот суд.

Бузаку порачува дека било каква одлука нема да го спречи да продолжи со „бомбите“ против Реџепи, откако Реисот не го испочитува рокот од 72 часа да си замине од ИВЗ. Затоа денеска Реисот заработи кривична пријава поради сомнеж за сторен криминал тежок 700 илјади евра. Бузаку, тврди дека Реџепи перел пари, измамувајќи над 800 лица кои годинава отишле на аџилак.

-ИВЗ платил такса по 800 евра за едно лице преку посредник, приватна компанија. Согласно правилата утврдената такса за престој од Министерството за аџилак на Саудиска Арабија, таксата за престој на еден аџија е утврдена на 510 евра, која ИВЗ била должна да ја плати директно на сметката на Министерството за хаџ на Саудиска Арабија, изјави Бузаку.

Бузаку се закани дека е само прво од серијата кривични пријави..

-Има има, да да има. Значи основани сомненија дека извршил кривични дела, изјави Бузаку.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на Реџепи дека во ИВЗ нема место за „гејци“, Бузаку кажа дека ова не е прв пат Реисот да навредува луѓе.

-Ние со геј не се занимаваме,  гејците надвор од верските заедници, изјави вчера Реџепи.

Остра реакција за навредата кон ЛГБТ заедницата пристигна од невладините организации.

-Ја повикуваме и Исламската верска заедница, преку своите органи на надзор, да поведе постапка за утврдување на одговорност на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, за сторената дискриминација по основ на сексуална ориентација, велат од Мрежа за заштита од дискриминација и од Националната мрежа за борма со хомофобија и трансфобија.

Алфа побара став од ИВЗ околу кривичната пријава за Реџепи.. Ни рекоа кусо  дека „денеска имало петочна молитва и немало да коментираат никакви трачеви“. Трачевите како што ИВЗ ги нарекува, излегоа не од некој друг туку од устата на самиот Реџепи, кој сега нема намера ниту да се извини.

Матеја Петровски