Бујар Османи и Оливер Вархеји со ист став: Потребни се фер, демократски и инклузивни избори

Вицепремиерот Бујар Османи се согласува со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека се потребнифер, демократски и инклузивни избори, со земање предвид и на состојбата со пандемијата предизвиана од коронавирусот. Се уште верува, дека такви избори се можни на 5 јули. Тој смета дека неговата медијација во утврдување на датум за избори не е проблематична, бидејќи, како што вели со добивањето на одлука за почеток на преговори со ЕУ, земјава веќе станува внатрешно прашање на Унијата.

-Во однос на медијацијата мислам дека ние веќе стануваме внатрешно прашање на ЕУ со фактот дека добивме одлука за започнување на преговорите и медијацијата односно помагањето од страна на ЕК не го гледам како прашање на надворешно посредување. Тоа е внатрешно посредување бидејќи ние веќе сме дел од семејството. Тоа е како некој внатре во државата да посредува меѓу одредени политички партии или институциите. Така ја разбирам и улогата на комесарот Вархеи кој е комесар на Унија каде ние веќе полека стануваме дел. Така што добредојден е тој вид на медијација и се надевам дека политичките партии ќе смогнат сили да постигнеме консензус. Се согласувам апсолутно со неговиот твит дека се потребни фер демократски  и инклузивни избори имајќи ги предвид сите околности во врска со пандемијата, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфереција во Владата.

 

Во врска со уредбата ншто синоќа ја донесе Владата, а е поврзана со одредени изборни дејтва, Османи истакна дека таа се повикува на претходната Уредба донесена во март во која беше прекинат рокот за избори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста