Бугарските провокации продолжуваат, молк од македонските институции

Молк од Министерствата за надворешни и внатрешни работи, дали ќе  преземат нешто против Фондацијата „Македонија“, која стои зад налепниците „Еден народ сме“ со споено македонско и бугарско знаме. На чело на оваа организација е Виктор Стојанов еден од најголемите пропагандисти за бугарското потекло на Македонија. Фондација „Македонија“ за оваа своја акција се пофалија и на Фејсбук, испраќајќи и порака дека македонскиот јазик бил бугарски.

-Фондацијата Македонија подготвува 10.000 шарени лепливи стикери кои ќе изгледаат вака: Нашите активисти ќе лепат стикери по улиците на сите градови во Македонија . Нема правописна грешка, само натписот е МК норма на бугарскиот јазик, велат од Фондација „Македонија“.

Виктор Стојанов е инаку бугарски државјанин, а на јавноста и стана познат во текот на ланската година, кога преку социјалните мрежи нудеше на подарок бугарски книги на македонските граѓани, а за истата акција и самиот се фалеше на социјалните мрежи, потенцирајќи дека станувало збор за бугарски народни песни од Браќата Миладовци.

-Здраво, пристигнавме во Скопје, зад мене се книгите, тука имаме луѓе кои чекаат да ги земат. Сега ќе ги растоварам и ќе отидам во уште неколку градови каде што ќе ги растоварам книгите. Сите книги ќе бидат дадени на 920 луѓе, 920 книги бугарски народни песни од Браќа Миладинови, вели Стојанов.

Во последното видео кое што го објави на својот фејсбук профил Виктор Стојанов испраќа порака дека Охрид и Скопје се бугарски градови.

Ова не е прв пат вакви или слични провокации да доаѓаат од бугарска страна, но проблемот е што македонската Влада за нив речиси никогаш не реагира. За разлика од нашите власти, од Софија има реакции на највисоко ниво дури и за безначајни и банални работи кои често немаат никаква врска со правата на Бугарите во Македонија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста