Бугарскиот Парламент одобри купување осум борбени авиони „Ф-16“ од САД

Бугарскиот Парламент одобри план на Владата за купување осум нови борбени авиони Ф-16 од САД што треба да ги заменат старите руски авиони МИГ-29.

Зделката е повеќе од милијарда долари, а според министерот за одбрана Красимир Каракачанов преговорите ќе траат четири месеци.

Првиот состанок со американски партнери ќе се одржи во февруари во Брисел.