„Бугарскиот фашисточки окупатор“ ќе стане „Бугарска администрација“?!

!Историчарите да го ублажат тонот за некои од историските прашања поврзани со минатото во интерес на иднината, ова го порача министерот за надворешни работи коментирајќи ја изјавата на европратеникот Ковачев кој побара на таблите на сите споменици во Македонија поимот „бугарски окупатор“ да се замени со „бугарска администрација составена главно од Македонци“. Османи вели ако може да се најде поблага форма во вордингот.

Jас ги охрабрувам комисиите и историчарите доколку најдат основа за ублажување на тонот на квалификациите по однос на историските прашања, реципрочно, еден кон друг, во интерес на подобрување на сегашноста и идинината, јас ги охрабрувам тоа да го направат, изјави Бујар Османи – министер за надворешни работи

Османи вели ако тоа го направела политиката, што во теорија можело, ќе било помалку одржливо решението.

Иако шефот на македоснката дипломатија тврди не сакал да прави политички притисок  врз работата на комисијата, дел од историчарите тврдат спротивно. Велат со ваквите изјави Османи ја наметнува политиката во науката.

Тој сака да влијае политички. Бујар Османи, морам да ве потсетам смета дека државнотворни документи на денешната македонска држава се Преспанската спогодба и договорот со Бугарија. Меѓутоа државнотворните акти на македонската држава се во АСНОМ, што очекувате од човек кој што не го познава АСНОМ, истакна Наташа Котлар Трајкова – историчар

Котлар смета дека дел од комисијата која треба да ги брани македонските интереси е политички инструирана.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста