Бугарски диригент и бугарски песни на годишнината од смртта на Делчев во македонската филхармонија?

Ќе се изведуваат ли сред Скопје песни за Гоце Делчев, но диригирани и компонирани од бугарски диригенти и тоа на годишнината од смртта на македонскиот револуционер? Како што дознава Алфа по повод смртта на Делчев, два дена по 4 мај, на 6ти во македонската филхармонија во рамки на манифестацијата Гоцеви денови, ќе настапи бугарскиот диригент  Христо Христов, нашите информации кој важи за поборник на тезата дека Делчев е Бугарин. Според она што е достапно за него на бугарските медиуми, на пример во 2015, пишува дека е управител на фондација за култура во Бугарија која го носи името на Делчев.

Ова не е прв пат, во Македонија за одбележување на смртта на македонскиот револуцинер, Камерниот оркестар на Филхармонијата под палка на бугарски диригенти да изведува бугарски композиции за Делчев. Токму Христов бил главен диригент и во 2019, ама тогаш бугарските песни за Делчев не доминирале. Туку се свиреле композиции на Бах, Бетовен, Вагнер.

Но нашите извори во Филхармонија тврдат дека на 6ти мај мнозинството од репертоарот ќе бидат бугарски дела за Гоце Делчев. Дали е вистина и зошто сега, кога Македонија е под сериозен политички и идентитетски притисок  и уценувања од Софија да се откаже токму од Делчев, се дозволува вакво нешто на одбележувањето на неговата годишнина, во македонскиот главен град? Побаравме официјален одговор од директорката на  Филхармонија, Тина Иванова, но не добивме.    

Истовремено е нејасно зошто ова го дозволува Министерството за култура? Дали ваквите манифестации го наговестуваат епилогот од кој јавноста стравува во т.н. решавање на спорот со Бугарија? Надлежните ќе треба да објаснат. Во меѓувреме, во архивите на организирани настани по повод годишнина од смртта или раѓањето на Гоце Делчев , никаде не може да се сретне дека под палка на македонски диригент во бугарски градови се пејат и свират македонски песни за револуционерот.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста