Бугарија продолжува со укинување на македонските организации

Членови на македонските здруженија во Бугарија, повикани на распит во полиција во Софија, потврдуваат за Алфа дел од луѓето до кои стигнала покана за разговор. Велат причина зошто се повикани било тоа што наводно немале доволно потписи за да постојат како здружение, но  од друштвото демантираат. Претпоставуваат дека е тоа само притисок за да може да се најде причина друштвото Антички Македонци да биде избришано од регистарот на здруженија во Бугарија, членовите велат дека по овој рецепт е затворена и политичката партија Илинден Пирин.

Здружението Антички Македонци е можеби и единственото здружение со македонски карактер кое останала впишано во бугарскиот регистар, а сега се поизвесно е дека и тоа ќе биде отстрането, ова што го прават е притисок врз нас вели Ангел Безев – Антички Македонци.

Разнебитување на македонизмот, меѓу кое е и бришењето на македонските здруженија во Бугарија, според историчарот Михајло Миновски е резултат на доктрината за 21 век напишана од БАНУ на крајот на деведесетите години.

Миновски вели  дека заедничкото чествување на Гоце Делчев за Македонија значи одземање на идентитетот на народот.

Битката за Гоце Делчев и македонската историја станува се поактуелна по потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија, во кој официјална Софија  бара од Скопје да ги прифати бугарските позиции кои се однесуваат на историјата, учебниците, Гоце Делчев и други револуционери, како и да се откаже од нарекувањето на бугарската војска од Втората светска војна како фашистичка.

Македонската јавност од медиумите вчера дозна за новиот услов од страна на Бугарија, за Македонија да може да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Официјална Софија сега бара специјално поглавје со гаранции за целосно спроведување на  потпишаниот Договор за пријателство.

Мери Ѓоргиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста