Бугарија оди на нови избори, уште една висока пречка за македонскиот пат кон ЕУ

Датумот за преговори останува неостварена желба за владата на Заев.Новите избори во Бугарија кои најверојатно ќе се одржат на 11 јули дополнително ќе ја проблематизираат македонската европерспектива. Македонија и натаму само ќе се надева дека може да се случи чудо за преговарачката рамка имајќи ги предвид ригидните ставови на источниот сосед кој и периодот кој претстои ќе живее во изборна атмосфера. Ова стана јасно откако ниту БСП не успеа да формира влада. Социјалистите ќе му го вратат мандатот на претседателот Радев. Тоа претходно го сторија и ГЕРБ на Бојко Борисов и има таков народ на Славеј Трифунов.

– Имаме изјава од трите нови политички субјекти дека нема да поддржат влада на БСП. Тие покажаа политичка незрелост и недостаток на култура за политички дијалог. Не можеа да го победат егото и да се обединиме околу нештата кои не обединуваат. И покрај желбата за промена со готов план, ден по ден мерка по мерка со луѓе кои можат да ја направат таа промена влада составена од БСП макар и времена е невозможна, вели Корнелија Нинова , претседателка на БСП

 Наспроти ваквата реалност во Бугарија министерот за надворешни работи Бујар Османи во обид да лобира за датум за преговори. Шефот на дипломатијата утре на средби со германскиот колега Хајко Мас и министерот надлежен за Европа Михаел Рот во Берлин. Оттаму Осамни заминува за Стокхолм и Копенхаген.

Дека во овој момент не може да се очекува многу пред неколку дена изјави и специјалниот владин претставник за односите со Бугарија. Според Бучковски македонската страна е подготвена за разговори, но од другата страна нема легитимен соговорник. Тој истакнува дека Бугарија навлегува во сериозна политичка криза и техничка влада предложена  од Радев кој са македонското прашање имаше слична позиција со досегашната влада.

Датумот за преговори останува неостварена желба за владата на Заев.Новите избори во Бугарија кои најверојатно ќе се одржат на 11 јули дополнително ќе ја проблематизираат македонската европерспектива. Македонија и натаму само ќе се надева дека може да се случи чудо за преговарачката рамка имајќи ги предвид ригидните ставови на источниот сосед кој и периодот кој претстои ќе живее во изборна атмосфера. Ова стана јасно откако ниту БСП не успеа да формира влада. Социјалистите ќе му го вратат мандатот на претседателот Радев. Тоа претходно го сторија и ГЕРБ на Бојко Борисов и има таков народ на Славеј Трифунов.

– Имаме изјава од трите нови политички субјекти дека нема да поддржат влада на БСП. Тие покажаа политичка незрелост и недостаток на култура за политички дијалог. Не можеа да го победат егото и да се обединиме околу нештата кои не обединуваат. И покрај желбата за промена со готов план, ден по ден мерка по мерка со луѓе кои можат да ја направат таа промена влада составена од БСП макар и времена е невозможна, вели Нинова.

 Наспроти ваквата реалност во Бугарија министерот за надворешни работи Бујар Османи во обид да лобира за датум за преговори. Шефот на дипломатијата утре на средби со германскиот колега Хајко Мас и министерот надлежен за Европа Михаел Рот во Берлин. Оттаму Осамни заминува за Стокхолм и Копенхаген.

Дека во овој момент не може да се очекува многу пред неколку дена изјави и специјалниот владин претставник за односите со Бугарија. Според Бучковски македонската страна е подготвена за разговори, но од другата страна нема легитимен соговорник. Тој истакнува дека Бугарија навлегува во сериозна политичка криза и техничка влада предложена  од Радев кој са македонското прашање имаше слична позиција со досегашната влада.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста