Бугарија не го признава македонското малцинство, а македонската влада размислува за внесување на Бугарите во македонскиот устав иако не побарале?!
Додека Бугарија го негира постоењето на македонското малцинство,македонската влада размислува Бугарите во Mакедонија да станат уставна категорија.Министерот за надворешни работи Бујар Oсмани со две различни ијзваи во два дена. Во емисијата Клик плус изјави дека Бугарите би можеле да бидат додадени во Уставот иако тие тоа не го побарале. Османи смета дека треба да се чувствуваат како слободни граѓани кои ги имаат сите права. На прашањето дали ќе треба да се менува највисокиот акт Османи одговори дека не постои резервираност за тоа тие да бидат споменати како посебна етничка заедница.
“Немам никаква резерва по однос на прашањето Бугарите да бидат спомнати како посебна етничка заедница во Уставот ако тоа им значи. Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои што може да се организираат во колективна заедница и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно спомнување во Уставот кое што ќе го олесни после нивното организирање”, вели Османи.
Сепак тој денеска со малку поинаков став. Прашан дали ќе треба да се менува Уставот истакна дека постоела техничка можност за да се пкажат резултатите зод пописот за сите етнички заедници во државата. Бугарите да бидат во посебна категорија, а не да влегуваат во делот “останати”.
Може и технички да се најде начин како да се прикажат податоци за сите етнички заедници во државата. Не треба да се развие конспирација или теорија дека државата има специјален третман кон одредена етничка заедница. тпј што се чувствува така државата тоа го почитува тоа и тие можат да ги изразат нивните права во тој дел”, вели Османи.
На иста линија и директорот на Заводот за статистика Симовски. Етничката припадност немало да се ограничува. Па дури и ако има апсурдни одговори според Симовски ќе се знаело и колку марсовци има во Македонија.
Градимир Марковски