Бугарија ја потврдува блокадата, Заев очекува крик за пријателство: И за Гоце Делчев сме блиску

Бугарија ја потврдува блокадата за Македонија, Заев се фали дека сме биле блиску до договор за Гоце Делчев. Додека источниот сосед секојдневно излегува со по некоја нова уцена, Заев говори за имплементацијата на договорот за добрососедство. Досега биле решени неколку проблематични точки, а блиску сме биле и за онаа најпроблематичната, барањето на Бугарија да го признаеме Делчев како Бугарин.

-Имаме решено пет историски личности, три историски периоди, спремни сме да ги објавиме и спремни сме да ги објавиме и спремни сме да почне имплементацијата во учебниците, на двете страни и во бугарската и во македонската страна и треба да продолжиме понатаму. И за Гоце Делчев сме блиску, во духот на заедништвото, изјави Заев.

Додека Заев се фали дека се имплементирал договорот, бугарската шефица на дипломатијата говори обратно и вели поради тоа немало начин како да ја одобрат преговарачката рамка за Македонија. Потенцирајќи не кажувале „не“ за членство на Македонија во ЕУ, туку ова „не“ било само за преговорите.

Ние ја поткрепуваме и ќе продолжиме да ја поткрепуваме, бугарската надворешна политика секогаш била насочена кон поткрепување на земјите од Западен Балкан да бидат со нас во Европската унија. Но, ние не гледаме во моментов дека тие ги исполнуваат условите да започнат со преговорите. Не го исполнуваат договорот со Бугарија од 2017 година. Така што нема како ние во овој дел да кажеме да, изјави Захариева.

Заев свесен дека Македонија ќе биде блокирана, се правда веќе го предупредил народот, но се уште се надевал на пријателски крик од соседите, со кои вели сме имале заедничко минато.

-Нашиот македонски народ е голем пријател, јас често кажувам со нашиот братски народ, ние сме братски народи и треба да се поддржуваме во иднина. Нашиот македонски народ никогаш не би ставил блокада и вето на бугарскиот народ. И јас знам дека бугарскиот народ не сака блокада или вето на македонскиот народ, изјави Заев.

И покрај ветото, Захариева вели секогаш биле со Македонија во тешките моменти, а ќе продолжеле да помагаат и во иднина.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста