Бугарија испратила предлог за решавање на спорот, барала да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот

Бугарија барала Македонија да прифати дека македонскиот јазик произлегол од бугарскиот, открива министерот за надворешни работи Бујар Османи. Преку нов договор кој го понудила поранешната министерка за надворешни Екатерина Захариева лани во декември дала предлог за решавање на спорот меѓу двете земји. Како што рече Османи, два члена биле спорни од тој договор, во кој се барало да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од отоманската империја. Сепак и покрај ваквите условувања Османи е оптимист дека следната година е можно решение со Бугарија.

Менувањето на бугарската реторика во поставување на условите од историските прашања на човековите права за Османи е излезното решение од проблемот. На инсистирање на Алфа повторно потврди дека во одговорите кои и ги испратиле на новата бугарска влада се согласуваат бугарското малцинство во земјава да ги добие сите права и ветиле нивно внесување во македонскиот устав до завршување на преговорите за членство во ЕУ.

Поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски во изјава за Алфа вели дека решение со Бугарија е можно само доколку новирте бугарски власти се изкрени во говорите дека ќе ги омекнат ставовите кон Македонија.

Кон средината на јануари во Скопје се очекува да пристигне и новиот бугарски премиер Кирил Петков кој треба да одговори дали Бугарија ги прифатила сите отстапки на кои е подготвена македонската влада.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста