Бугарија го официјализира ветото, “Да” за преговори со Албанија, “Не” за Македонија

Бугарија го официјализира она што го највува долго време.Не ја одобри преговарачката рамка за Македонија.Софија го блокираше одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ. Ветото според министерката за надворешни работи Захариева е поради тоа што не биле испочитувани бугарските барања. Источниот сосед даде зелено светло за Албанија која како што рече шефицата на бугарската дипломатија по виртуелниот министерски состанок исполнила најголем дел од критериумите.

“Настојувавме во преговарачката рамка да се вметнат три основни услови. Придржување кон формулацијата за јазикот од 99-та година, потоа потврдена со Договорот во 2017 година, патоказ за спроведување на Договорот од 2017 година и многу јасен текст дека не да се поддржуваат претензии за македонското малцинство во Бугарија. Овие услови се уште не се вклучени во преговарачката рамка”, изјави Захариева.

Според германскиот министер за Европа Рот спорните точки во разговорите меѓу Скопје и софија се во однос на скратената верзија на нашето ново уставно име и македонскиот јазик. Министерот истакна дека не може да има меѓувладина конференција кога има отворени билатерални прашања. Тој се надева на решение до крајот на годината.

“Преговарачката рамка треба да биде усвоена од сите 27 земји членки и од земјата со која ќе преговараме. Со добра воља и храброст ќе се обидеме да го решиме ова. Двете земји покажаа храброст годинава. Работеа многу напорно. На земјите од Западен Балкан им треба јасен сигнал дека сме на нивна страна”, изјави Рот.

Меѓувладината конференција со ЕУ според планираното требаше да се одржи во Декември. И покрај ставовите на Бугарија, премиерот Заев е оптимист за пресврт во наредниот месец.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста