Брзи избори по цена на вештачки креиран крај на корона кризата во Македонија?

Дали власта вештачки ќе наметне победа во битката со Ковид19 и ќе ја заврши кризата за да има брзи избори, надевајќи се на победа? Дали министерот за здравство Венко Филипче ќе биде херојот во борбата кој ќе биде еден од клучните играчи со кои СДСМ се надева на добивање најмногу гласови? Последново го потврдуваат за Алфа извори во партијата. И за двете тези јавноста бара објаснување. Но ајде со ред. Во прилог на ова зборуваат неколку факти. Првиот е бројката што власта ја претстави како пик , 2500 заболени, по која отворено најавуваат дека истата ќе почне да паѓа. Но, никогаш никој не објасни аргументирано на основа на што, според која методологија истата е утврдена. Само се нагласува крајот на април како крајна временска рамка за пикот. Вториот факт е малиот број на тестирања. Секогаш кога Алфа се обидуваше да добие одговор зошто масовно не се тестира, Филипче одговара дека сосема е доволен бројот на тестови и дека масовното тестирање немало да даде вистинска слика. Дали можеби пак власта на овој начин се обидува да даде невистинска слика, со цел да се прикаже за брзо време крај на кризата? Останува да виси и ова прашање.

Има ли политика во позадина? Анализите дури и на отворени поддржувачи на СДСМ препознаваат политика:

  • Нема здравствен аспект кој научно ја оправдува одлуката после викенд со рекорден карантин, да следува нагло опуштање. Ни Велигден не го оправдува тоа, уште помалку фактот што доаѓа 1 мај. Така да, одлуката мора да е политичка, односно популистичка.  Личи како да брзате, многу повеќе и многу понагло од земји кои се многу понапред од нас. Повторно, причините може само да се политички – Ивор Мицковски , поранешен шеф на комуникацискиот штаб на СДСМ, 22 април.

И аналитичарите кои ги комуницираше Алфа ги потврдуваат тезите.

  • Па одреден пи-ар, или некакви обедувања, некакви теории, во случајов неможат да помогнат доколку некој се обидува да наметне, се разбира,  некаква перцепција, во однос на кризата, затоа што оваа криза е здравствена, и едноставно нејзиното завршување на зависи од тоа што ќе го изјави одреден политички субјект или одреден медиум туку од бројот на ново заразени и бројот на починати. За да се претстави некаква прецепција дека нема повеќе криза треба да нема повеќе заболени и дека нема повеќе починати- вели Владимир Божиновски, политички аналитичар.

Дека се инсистира на брзи избори од СДСМ не кријат и самите членови. Мухамед Зеќири вели оти СДСМ сега не мислела на избори, ама роковите за избори ќе продолжеле да течат по вонредната состојба.  Претседателот Пендаровски најави дека политичките процеси ќе бидат на маса на лидерската средба кон средината на мај. Претседателот на ДИК пак вели – изборите треба да ги распише претседателот на собранието , но, дека претходно уставниот суд треба да го поништи постојното решение за избори.  За технички подготовки, кампања и ажурирање на избирачкиот список, потребни се околу 50 дена. измени, вели, треба да претрпи и избирачкиот список, кој се уште не е затворен, бидејќи во меѓувреме настанале промени во него.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста