Брзата пруга за 1,5 до две години, не повеќе од 2 до 2,5 милиони евра за километар
Брзата пруга во коридорот 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, не повеќе од 2 до 2,5 милиони за километар, ги пренесе проценките на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоскии, прв по преземањето на власта, брифинг кој траеше околу два часа со 30-на новинари во Клубот на пратеници…
Ќе биде со брзина од 110 до 120 км/ч и ќе донесе голема корист за државата. Во моментот се преговара со компанија која треба да обезбеди проток на милион тони годишно по неа, информира премиерот. Преговорите се во завршница. Кога дошле на власт, Македонија немала ниту една активна локомотива, па се мислело транспортот да се префрли и преку Бугарија од страна на странците. Сега, имаме осум локомотиви на располагање, пренесе премиерот Мицкоски.