Брзата и квалитетна изградба на автопатот Кичево-Охрид е од витално значење
Изградбата на автопатот Кичево-Охрид е од витално значење не само за Македонија туку и за целиот регион, интензивирањето на градежните работи на делницата од 57 километри ќе значи препородување на државата и на неколку индустриски гранки,цени претседателот на Стопанската комора, Азески.Сите вели тој, треба да бидеме сконцентрирани и да помогнеме час поскоро да финишираат работите и конечно автопатот да биде ставен во функција.
“Тоа знате што значи? Тоа значи практично на кичевчани езерото да им го донесеш во дворот.Тоа значи дека целокупниот развој на извозот ќе биде убрзан и побрзо ќе добиваме пари ,тоа значи дека ќе имаме подобри суровини,побрзо ќе стигнат до нас и тн” –вели Бранко Азески,Претседател на Стопанска комора на Македонија
Автопатотпочна да се гради во фебруари 2014-та година а до сега се пробиваа сите зададени рокови. Новата владеачка гарнитура, автопатот го наследила во очајна состојба. Се прават напори за санирање на свлечиштата.
“Некој 7 години камен на камен не стави и сето тоа кое што таму требало да се стабилизира не се стабилизирало и нормално е ако една работа вие не ја одржувате, не ја стабилизирате тогаш нормално е таа да продолжи да се распаѓа односно да пропаѓа.И сега ние се доведовме до ситуација да решаваме 16 свлечишта на потегот од Кичево до Охрид од кои што 10 се полесна природа а посебно онаа кај местото Ботун се со потешка природа и најверојано ќе треба со конструктивни шипови да се укрутува земјата за да нема понатаму свлекување или недај Боже да тоа некого го чини и човечки животи.”-вели премиерот Христијан Мицкоски
Министерот за транспорт и врски Николоски пред една недела кога изврши увид на градежните работи кажа дека ги ангажирал сите домашни и странски експерти,решенија се изнајдени, но тоа не оди преку ноќ.
“Се прави огромна историска работа и за Охрид и за Струга и за целокупниот регион,секако тука е поврзувањето и со Албанија, тука е и аеродромот а секако и поврзувањето со главниот град”-вели Александар Николоски,министер за транспорт и врски
Aвтопатот Охрид-Кичево треба да биде готов до крајот на 2026-та.Поголемиот дел од делницата од Охрид до Пресека ќе биде пуштен во употреба пред почетокот на летото.
Росица Голабоска