НАЈНОВИ ВЕСТИ

Брза железничка линија Скопје – Ниш – Белград: Ковачевски во Србија слави и пее, дома железницата се распаѓа

Брза железничка линија Скопје – Ниш – Белград: Ковачевски во Србија слави и пее, дома железницата се распаѓа

Во Македонија возови нема, но во иднина ќе сме се возеле преку нова пруга со 160 км на час до Белград. Приклучок на железничкиот коридор 10 најавија премиерите на Србија и Македонија, Брнабиќ и Ковачевски. За српската премиерка поврзувањето е од огромно значење бидејќи Македонија и Србија мемаат силни економии како земјите на ЕУ. Македонскиот премиер, пак, најави формирање на работни групи кои ќе направат план за реализација

За очајната состоба на железничкиот сообраќај во Македонија, министерот за транспорт и врски Бочбарски топката ја префрли кај Македонски железници. Тој најави нови оператори кои ќе пружаат услуги во железничкиот сообраќај бидејќи досегашните одвоени средства од Владата за железници не дале ефекти.

Потпишувањето на меморандумот е во пресрет на вторуот меѓународен саем за вино, винска визија отворен Балкан. По официјалното отварање, Ковачевски се опушти во друштво на српскиот и црногорслиот претседател.

Засега нема детали колку пари се потрошени за покровителство на саемот за вино. Од она што засега е познато премиерпт не штедел ниту на организација на македонската вечер, за која ќе готват врвни кулинари и ќе се точат сортни македонски вина.

Паула Костадиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста