Брвеница е пример за миграција град – село,животот во рурална средина се попримамлив

Миграцијата од град во село станува се повеќе популарна.Живко Марковски е само еден од многумината, кои одлучиле да побегнат од урбаниот хаос.Веќе четири години живее во Брвеница.На животот во град вели, не мисли никогаш да се врати.

Се снајдовме добро, соседите не прифатија,се повеќе бараат плацеви, нема ден да не помине некој да не праша, има побарувачка, како кој ќе се снајде..Не би се вратил во град” – рече ЖИВКО МАРКОВСКИ.

И додека некои села се празнат,токму општина Брвеница е можеби единствена во државава, каде трендот на доселување не запира веќе со години.Се повеќе се купуваат и градат куќи,во просек, по 15-тина годишно.Целата состојба со коронакризата, дополнително влијае на зголемениот интерес за живот во рурална средина.

Еве во Стенче, Волковија, Блаце,како села што беа запуштени, лани скоро сите тие стари куќи, луѓе што не иделе со години почнале да ги реновираат и има голем интерес, бегаат кон селата-рече ЕНВЕР ПАЈАЗИТИ” – радоначалник на општина Брвеница.

Доселувањето се одразува и во образовниот процес.Во училиштето во Брвеница постојано расте бројот на ученици,а годинава имало рекорден број првачиња,дури 63.

“12 годишно искуство имам, и секоја година имам прилив на се поголем број првачиња.Освен првачиња, во текот на годината запишувам и ученици кои се доселуваат од градовите, па дури и од внатрешноста на државава” -рече МАРИЈАНА РИЗАНОВСКА-психолог.

Брвеница  е една од поголемите општини во регионот и опфаќа 11 населени места,главно со мултиетнички карактер. Нема официјални бројки,но, се претпоставува дека има близу 20 илјади жители.Сепак, има и села во полошко,кои имаат сосема спротивна судбина- се повеќе се празнат и остануваат во заборав.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста