Брутален напад на Тричковски кон Мизрахи, ќе стави ли некој крај на говорот на омрза на апологетот на СДСМ?

Ќе стави ли полицијата крај на антисемитските напади и говорот на омраза кои луѓе блиски до СДСМ ги упатуваат кон техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи? Капката која ја прелеа чашата е Бранко Тричковски колумнист во весникот Слободен Печат, кој вчера по којзнае кој пат ја згрози јавноста со статус на фејсбук во кој напиша .

– Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи .

Санкциите за говор на омраза на социјалните мрежи важеа за сите, ама очигледно  не и за поранешниот новинар, поддржувач на политиките на Владата на Заев. Но, по вчерашниот статус, со кој Тричковски очигледно ја мина границата, полицијата денеска реагираше.

телоп – По добивање на потребните податоци ќе бидат преземени соодветните мерки и активности со цел утврдување на сторителот на кривичното дело  „Ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем“ и  кривичното дело – „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“,  предвидени во Кривичниот закон.

Тричковски со години веќе и е познат на јавноста по своите статуси со кои шири говор на омраза и се заканува. Пред една година тој преку својот фејсбук профил повика на убиство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. И тоа не беше доволно за МВР тогаш да реагира, ама затоа обвиненија досега има за три лица кои преку социјалните мрежи му се заканувале на поранешниот премиер Зоран Заев. Тричковски за тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не беше случај, но сега со технички министер МВР реагираше, и по  вчерашните закани известувањето го доставени и до Основно Јавно Обвинителство Скопје

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија- зад ваквиот говор на омраза, ксенофобија и ширење на антисемитизам стојат СДСМ и Зоран Заев.

Токму затоа ‘Економист’ ја прогласи земјата за хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим.Власта како свои миленичиња ги третира сите оние кои сеат омраза врз политичките противници и тие луѓе се заштитени бели мечки, било тоа да е Тричковски или некој друг.Политиката на поделби на Заев не носи во амбис, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев

Од СДСМ пак денеска без да го споменат конкретниот случај само кратко информираа дека најостро ги осудуваат сите облици на говор на омраза, антисемитизам и какво било друго директно или индиректно омаловажување или дискриминирање на поединци или групи.

Жртва на колумнистот Тричковски не се само Мицкоски и Мизрахи . Тој на фејсбук пишуваше дека поранешниот Претседател Ѓорѓе Иванов ќе го набиваат на јарбол пред Владата , а откако Владимир Милчин отворено упати критика кон Заев и неговото работење Тричковски со говор на омраза што поттикнува и насилство напиша „ кога ја сечев јапонската цреша во дворот на Моника Белучи имав чувство како да му ја сечам главата на Владе Милчин, имаат слична крошна тврди се и бесплодни“ .  Органите и тогаш премолчеа и не превзема ништо.

Елена Марковска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста