Бруклин гази се пред себе, Филаделфија го сопре Дончиќ

Бруклин го декласира Орландо со убедливи 129-92, и покрај расположениот Вучевиќ кај гостите со 28 поени и 12 скока. Домашните предводени од Ирвинг со 27 и Харден со 20 коша, 9 скока и седум асистенции дојдоа до деветтиот по ред триумф за израмнување со Филаделфија на врвот на Истокот. 76-ерси изминатата ноќ го сопреа Лука Дончиќ на 19 поени, а со тоа го добија Далас со 111-97. Вистински шок доживеа ЛА Клиперс кај Мемфис 122-94. Минимален пораз претпе Денвер на свој терен од Вашингтон 110-112, иако Мареј заврши како најпрецизен со 34 поени. Домашни победи остварија уште и Њујорк над Сакраменто 140-121 и Милвоки против Њу Орлеанс 129-125.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста