Бројот на заразени со корона вирус опаѓа

Значително опаѓање на бројот на заразени со корона вирус. Денеска се пријавени 2.641 нови случаи во Кина со што вкупниот број се искачи на 66.492 лица.
Втор ден по ред бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус бележи пад откако се применува поинаков дијагностички метод.
Вкупно починаа 1.523 лица.
Од декември досега болеста се прошири во повеќе од 20 земји, а Египет вчера пријави прв регистриран случај во Африка.
Во 24 држави регистрирани се речиси 450 заболени лица од новиот коронавирус, од кои тројца починаа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста