Бројот на заразени расте, притисокот се поголем-тетовската клиничка болница на готовс ако треба и целосно да се мобилизира

Само случаи со тешка клиничка слика и пациенти на кои им е потребна кислородна поддршка се примаат во тетовскиот клинички центар.Вирусот притиска и се поголем број пациенти бараат да бидат згрижени.Полни се инфективното, и двата ката од ковид центарот на интерното одделение.Пациенти се примаат и во болницата во Лешок.Состојбата е  сериозна, а болницата на готовс ако треба и целосно да се мобилизира.

  • Ќе имаме и нова реорганизација,можеби се ќе затвориме ако има потреба, ќе бидеме фокусирани ако треба цела клиника на ковид центарот.Ова мора да се свати сериозно, зимата не знаеме како ќе биде, можеме сите да бидеме инфицирани.Сега имаме и стресни ситуации, и народот е некако исцрпен и тоа влијае.Понатаму може да имаме и зголем број на млада популација-Д-р Гзим Нуредини- Координатор на Ковид центар Тетово.

Само во периодот од 1 до 15-ти месецов,во Тетово се регистрирани 963 заболени лица, а 31 е починато.Вирусот се шири забрзано,состојбата е критична,оценуваат и локалните власти.

  • Многу е важно да се направи една јасна дистинкција на лица кои имаат потреба од итно болничко лекување, за да може сите кои имаат барања за добивање третман и кислородна поддршка, тоа да го добијат-вели Теута Арифи- Градоначалник на Тетово.

И покрај сериозноста на состојбата,во полошко и натаму проблем е опуштеноста.Маски не носат сите, гужвите пред банките не се расчистуваат,локали не затвораат во 9.Периодов има и неколку случаи,каде инспекторите откриле организирање на свадби.Сепак, порестрктивни мерки, засега не се во план.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста