БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО СВЕТОТ НАДМИНА 64 МИЛИОНИ
Бројот на луѓе во светот кои се заразиле со коронавирус надмина 64 милиони, според податоците на страницата „worldometers“.
Речиси милион и половина луѓе починале, а според истиот извор оздравеле повеќе од 44 милиони пациенти.
Бројките варираат од час во час, а според последните податоци, 99,4 проценти од пациентите имале лесна форма на вирусот, а 105.733 се во сериозна состојба.
Сопред статистиката, оздравеле 97 проценти од заразените, додека три проценти починале.
КАТЕГОРИИ Свет