Бројките на заразени и починати диктираат нова вонредна состојба и консензус за нов изборен датум?!

Ќе бидат ли причина последните бројки на заразени и починати од корона да се изјалови и петти јули како потенцијален изборен датум или власта и натаму ќе инсистира да се оди на гласање? Изземајќи го видео обраќањето на тема ковид 19, Заев речиси една недела го нема во јавност да ја брани тезата за брзи избори.  Засега 5 јули се споменува од гласноговорникот Костадинов и од други партиски претставници. Како термин за изборно соочување ако вонредната состојба не биде продолжена. Претходно паднаа во вода 14 21 и 28 Јуни.

“Организацијата на изборите се веќе завршена теема. Уставот законите се сосема јасни одржување на изборите 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Во случај вонредната состојба да не се продолжи изборниот деен е петти јули”, изјави Костадинов.

Опозицијата пак со став дека не размислува во вакви моменти на избори. Каналот на комуникација со власта и натаму е во прекин.

“Навистина е лудост во ситуација кога имаме трицифрени бројки на новозаразени Заев да инсистира и  да зборува за избори”, рече Иванка Василеевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Најава за нова лидерска нема. Од кабинетот на Пендаровски велат дека чекаат абер од партиите дека се блиску до договор. Веројатно и со седница на советот за безбедност ќе се чека до последен момент. Вонредната состојба ќе заврши во недела. Неофицијално владата нема да побара продолжување. Иако бројките на заразени кога последен пат тоа беше побарано беа помали од актуелните. Но одлуката Пендаровски ќе ја донесе по советот за безбедност. Ако шефот на државата не ја продолжи тогаш според власта течат изборните рокови уште 22 дена. Во спротивно ако има ново продолжување ќе нема аргумент и за изборно соочување во првите денови од јули. Постои варијанта и за лидерска на иницијатива на вицепремиерот Османи и шефот на државата на која би се разговарало за пристапниот процес на Македонија кон ЕУ. Сепак потврда за вакво нешто се уште нема.

Градимир Марковски

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста