Британија ги промени законите, „лок даун“ може да се продолжува до 17-ти јули

Британската влада ги смени законите за lock down без многу врева, што го олесни донесувањето одлуки за затворање пабови, ресторани, продавници и јавни места до 17 јули.
Британските власти не размислуваат за ублажување на рестриктивните мерки, додека бројот на заразени не почне да се намалува.
Регулативата, која се однесува само на Англија, требаше да истече минатата недела, но сега е продолжена до 17 јули, кога започнуваат училишните летни одмори.