Британците пред тешка одлука, се очекува мртва трка меѓу Џонсон и Корбин

Британците одлучуваат кој ќе им ја води државата, но и кој ќе го води процесот за излез од Европската Унија.Граѓаните на Велика Британија се пред тешка одлука помеѓу главните ривали од владејачката Конзервативна партија на премиерот Борис Џонсон и опозициската Лабористичка партија на Џереми Корбин.Британците се оптимисти дека Лабуристите ќе освојат мнозинство гласови на овие избори.

„ Прв пат гласав за либерал-демократите бидејќи Брегзит е голема грешка, и тие се единствената партија која има цврст став за движењето Остануваме.“

„Кој и да победи нема да го оствари ветеното. Се надевам дека ќе победат Лабуристите. – велат гласачите.

Лидерите на партиите во последниот ден од кампањата испратија клучни пораки на гласачите.Џонсон истакна дека само Конзервативната партија „ќе го заврши брегзитот“ и ќе го забрза напредокот на земјата.

“Ако набрзо не излеземе од овој жив песок, иднината на нашата земја ќе остане несигурна, доколку формираме влада, би го започнал процесот со кој ќе се заврши процедурата за напуштање на ЕУ уште првиот ден на новиот парламентарен состав.” – изјави Џонсон.
За разлика од Џонсон, Корбин ветува нов референдум за Брегзит- доколку победи.

“Во рок од 6 месеци , ќе го постигнеме тоа…Лубуристите нудат разумна опција за напуштање наспроти останување во ЕУ ” – вели Корбин.

На третите парламентарни избори за само пет години – право на глас имаат повеќе од 45 милиони Британци . Предвремените избори за 650 места во парламентот треба да стават точка на повеќемесечната блокада на парламентот и да го отворат патот кон конечната одлука за судбината на Брегзит. Исходот е неизвесен,се ќе стане појасно по затворањето на кутиите вечерва во 22 часот.

Ања Василева

Advertisements