Британците повторно гласаа за Брегзит

Британците повторно гласаа за Брегзит, доказ за ова е убедливата победа на изборите на британскиот премиер, Борис Џонсон. Со тоа што, сега има слободен пат до поддршка во парламентот за договорот со ЕУ, и до исполнување на предизборното ветување – Брегзит до 31 јануари.

„Пријатели мои, успеавме. Изгрева нова зора, нов ден и нова влада. Сакам да им честитам на сите за освојување на најголемото конзервативно мнозинство од 1980 година. Ќе завршиме со Брегзит на време, до 31-ви јануари, нема „ако“ и нема „можеби“. Овие избори ја покажаа волјата на британскиот народ.“ , изјавил Џонсон.

Неговиот ривал лабуристот Корбин разочаран- Брегзитот ги поларизираше гласачите, темите како социјална правда беа фрлени во позадина. Тој се повлекува од лидерската позиција и вели дека нема да ја води партијата на ниту едни избори.

„Како и да е, Брегзит длабоко ја поларизираше и подели оваа земја и ја засени вообичаената политичка дебата. И јас признавам дека тоа придонесе за вечерашниот резултат на Лабуристичката партија низ целата земја. Социјалната правда и прашањата за потребите на луѓето нема да исчезнат само затоа што се справуваме со Брегзит на начинот на кој Борис Џонсон веројатно планира да се справи со тоа во моментот“,вели Корбин.

По прогласената победа Џонсон во Бакингамската палата побара мандат од кралицата Елизабета Втора.Инаку, според последните податоци Конзервативната партија освоила 364 места во парламентот а Лабуристите 203.Со ова Џонсон  обезбедува  потребното мнозинство за Брегзит на 31 јануари. Меѓу првите честитка му упати америкснкиот претседател Трамп, а ЕУ ја поздрави „чистотата“ на изборниот резултат. Се јави и поранешната премиерка Меј која  е убедена дека ова значи излез од „политичката парализа“ и обезбедување договор со ЕУ до крајот на 2020 година.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста