БРЕСТОВАЦ ГИ ПРЕЧКРТА БОРКО И ЏОМБА ЗА ДУЕЛИТЕ ПРОТИВ ФИНСКА И ШВАЈЦАРИЈА

Голманот Борко Ристовски и крилото Гоце Георгиевски нема да бидат во комбинацијата за претстојните два воведни дуели против Финска и против Швајцарија во квалификациите за ЕП 2022. Селекторот Данило Брестовац го скрати изборот на 19 кандидати, а што во неговиот план ги нема стандардните Борко и Џомба е навистина изненадувачки од причина што останатите Вардарци како Стоилов, Кизиќ, Талески и Мишевски, иако можеби ќе немаат право за настап поради најавената изолација, сепак ќе му бидат на располагање. Македонија првиот меч ќе го игра на 4 ноември в среда од 20 часот против Финска, а наредната сабота на гости во Швајцарија од 18.30 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста