„Брејтбарт“ предвидува- Анџелина Џоли планира да се кандидира за претседател на САД (Видео)

Најплатената американска актерка и амбасадорка на ООН, Анџелина Џоли неодамна го покрена каналот „Јутјуб“ кој се занимава со хуманитарна работа, а за краток период достигна повеќе од 10.000 претплатници.

Во описот на каналот се наведува дека актерката, меѓу другото, ја претставува ООН и се занимава со прашањата за раселување на населението и дека преку нејзината работа придонесува во процесот на изнаоѓање решенија за оние кои се принудени да ги напуштат своите домови.

Порталот „Брејтбарт“ посочува дека со лансирање на канал на „Јутјуб“ имајќи ги предвид и содржините на видеата, актерката всушност се подготвувa за претседателска кампања.

Во интервју направено кон крајот на минатата година за BBC Radio 4 Today Џоли изјави дека доколку ја прашале дали планира да се кандидира пред 20 години, само слатко ќе се насмеела, но дека сега навистина не знае, таа исто така истакна дека не знае дали е погодена за политика, но дека е отворена за таа можност.

Тогаш водителот на емисијата, ѝ рекол дека ќе ја стави на списокот на потенцијални кандидати за изборите во 2020 година, на што актерката се насмевнала и одговорила: „Благодарам!“