Брегалница избистрена, се чекаат анализите кои треба да покажат какви хемикалии биле испуштени

Ние не сме виновни туку копманијата што го правеше транспортот – се брани фабриката Техникал Текстил во чии двор пукна црево и преку атмосферските води реката Брегалница ja обои во бело. Се излеала течност позната како „ литекс симптомер“ ама според фабриката таа не била отровна за животинскиот свет во реката. За тоа Техникал Текстил тврдат дека имаат и сертификат. Се бранат дека тие не се виновни туку фирмата транспортер а која е не сакаат да откријат со помалку чудно објаснување „дека била странска“.

Досега Брегалница била обоена во црвена, кафеава, но никогаш во бела, објаснува нашиот соговорник штипјанецот Киро Маџунаров кој повеќе од 27години деноноќно го следи водостојот и квалитетот на водите во Брегалница.

Два дена по хаваријата, водата е избистрена и не е забележано угинување на животински свет. Надлежните почесто треба да се на терен, а не само кога им сигнализираат граѓаните, дополнува Маџунаров, објаснувајки дека жителите на штипско Ново село понекогаш имаат проблем и со загадување на воздхот..

Во меѓувреме се чекаат анализите од земаните мостри за да се утврди што всушност се случило. По направениот увид е утврдено дека причина за хаваријата е пукнато црево од цистерна при дотур на течност во склад во фабриката Техникал текстил.

ПОголема еколошка катастрофа –помор на риби во Брегалница имаше во 2007 година кога беа испуштени лагуните на Сињарската фарма.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста