Бразилскиот сој на ковид-19 е се поблиску до Македонија

Бразилскиот сој влезе во Србија. Со тоа е несомнена опасност и за Македонија. Српски доктори алармираат дека таму најверојатно е присутен помеѓу пацинетите. Но и предупредуваат дека овој сој е многу пострашен од британскиот.

“Има многу млади луѓе кои се поврзани со уреди за вештачко дишење, а најчесто се заразени со британскиот сој на коронавирусот. Но, постојат индикации дека и бразилскиот сој на коронавирусот е присутен во Србија. Секој нов сој на вирусот е многу поопасен во однос на преносливоста и смртноста” – истакна д-р Татјана Аџиќ Вукиечвиќ – директорка на ковид болница во Батајница, Белград.

Опасноста е голема од бразилскиот сој, итно треба да се преземат мерки вели  д-р Милан Ристовски, според него во оваа ситуација најмалку што треба да се направи е да се затворат границите и да се воведат ПЦР тестови за влез во Македонија.

Се додека постојат отворени граници на коишто не се врши никаква контрола, ние немаме никаква одбрана дали одредена варијанта ќе дојде кај нас или не. Со тоа што одредени земји од ЕУ којшто живеат од туризам навестија дека ќе ги отворат границите на сите кои се ПЦР негативни и сите што се вакцинирани. Меѓутоа не сум баш сигурен дека контролата ќе биде силна да можат отворањето на туристичката сезона да го запре ширењето на вирусот” – вели д-р Милан Ристовски – спец. радиотерапевт-​онколог.

„Среќа во несреќа е што бразилскиот и јужноафриканскиот сој засега не можат да станат доминатни во земјава“, вели д-р Горан Кунгуловски.

Бидејќи во Македонија е доминантен британскиот сој (можеби над 98-99% од сите новозаразени), а бразилскиот и јужно-африканскиот сој се пренесуваат подеднакво брзо или побавно од британскиот, истите доколку сега влезат и се детектираат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој.” – пишува на фејсбук д-р Горан Кунгуловски.

Од Министерство за здравство не добивме одговор дали ќе се преземат поригорозни мерки за заштита од бразилската мутација.

Инаку, бразилскиот сој на ковид пристигна во повеќето европски земји, но и во Србија. Симптомите кои го придружуваат се слични на другите варијанти на вирусот. Досега познато за овој сој е дека оние кои веќе се заразиле со вирусот корона, не се заштитени од бразилската варијанта.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста