Бразил во драматичен финиш ја победи Колумбија за „три од три“ на Копа Америка

Бразил ја запиша и треттата победа од исто толку одиграни меча на Копа Америка. „Кариоките“ со 2-1 ја победија Колумбија, која има за што да жали откако  со голот на Дијас во 10тата минута водеа се до 78та минута, кога Фирмино изедначи за Бразил. Потоа следуваше вистинска драма со 10 минути продолжение, а токму во последните секунди, Касемиро со глава донесе огромна радост за Бразилците. Во вториот меч кој се одигра ноќеска, Еквадор и Перу ремизираа со 2:2, иако Еквадорците водеа со 2:0 на полувреме. На табелата во групата Б, Бразил останува лидер со 9 бода, пред Колумбија и Перу со по 4, Еквадор и Венецуела со по два бода. Вечерва се играат две средби од првата група, Боливија против Уругвај и Чиле на мегдан со Парагвај.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста