Брат ми е со Даунов синдром и не може без постојан надзор-ако персоналот не успева да му го овоможуи тоа,без придружба може да заврши трагично-сведоштво за Алфа

Брат ми е пациент со даунов синдром,зависен од туѓа нега,кој во ниту еден момент не може да остане сам, особено сега приклучен на инфузии и со кислородна маска,која постојано сака да ја извади.Отткако ја избркале мајка ми од посета, веднаш му се слошило со пад на сатурација и можел да заврши трагично-потресно сведочи неговата сестра за Алфа. Откако покажале куп документи,на крајот им било дозволено, нивната мајка да седи со него.

Има многу други пациенти,кои имаат потреба од постојан надзор,како брат ми, а персоналот тоа не може да им го овоможи, оти се малку на смена,раскажува нашата соговорничка.Овој случај отвора многу прашања-има ли протоколи или воопшто некаков план, кој ако не семејството, би се грижел за ваквите пациенти,кои не можат ниту минута да останат сами,особено покрај фактот дека има дефицит на персонал.Забрана за посети има и треба да се почитува, но,и да се најде решение за вакви случаи.

Момчето го преживеало и страотниот пожар, благодарение токму на тоа што имал некого покрај себе.Во тие три минути, вели неговара сестра, да не биле таа и мајка икои буквално се фрлиле од прозор сосе него,никој не би успеал да го спаси.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста