Бран на венчавки во Штип

По олабавувањето на мерките во Штип постигнат  вистински рекорд според бројот на склучени бракови. Само овој викенд судбоносното ДА, го кажаа 13 двојки. Метежот го изненади и матичарот кој вели дека ваков наплив на двојки кои се заколнуваат на вечна љубов немало и пред Корона кризата.  

“Претходниот викенд имавме 10,сега имаме 13,за наредниот исто имаме закажано 13 регистрации” – изјави Тони Станков, матичар во Штип.

Споредбено со останатите месеци бројот е огромен бидејќи од јануари до април се склучени помалку од 50 граѓански бракови, за разлика од сега кога само во мај има закажано над 50. Засега нема промена во протоколите за регистрација. Мерките остануваат, во салата можат да влезат само идните младоженци, кумот и деверот.

“Останува исто, може да влезат четворица плус матичар и советник. Надвор од просториите е дозволено до 40 гости, но за оваа услуга се плаќа дополнително 7000денари” -изјави Тони Станков

Засега е тешко да се предвиди дали Штип ќе го достигне просекот од годините пред пандемијата кога се склучувале од 400до 450 бракови.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста