„Браќата“ Борисов и Заев си разменија подароци: Едниот подари блокада, другиот го подари Гоце Делчев

„Браќата“ Борисов и Заев си разменија подароци, едниот и подари блокада на Македонија, другиот го подари Гоце Делчев на Бугарија. Наместо жесток одговор на бугарските уцени и условувања, македонскиот премиер во едно интервју, ги удоволи сите бугарски барања, па дури и Делчев го прогласи и за бугарски, покрај македонски херој.
-На територија на регионална Македонија навистина живееле Македонци, кои зборувале македонски јазик, но живееле Бугари кои збореле бугарски јазик. Живееле луѓе кои што се чувствувале во исто време и Бугари и Македонци. Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија и за Одринско и за се и тоа е апсолутна реалност, изјави Заев.
Гоце Делчев е само еден од потезите кои Заев ги направи минатиов период, а кај најголем број од Македонците се смета за предавство на Македонија, и скандалозно менување на историјата.
-Многу сум огорчена, не очекував такво нешто, но тоа го покажува неговиот карактер. Може досега ги криел неговите дела идеали, не знам и друго така, вели еден од граѓаните.
-Изјавата е катастрофална, значи нема мотив, нема никаков разум, да он работи како сака против народот. Значи он се смета како наш човек, да не води а не да не продава, вели еден од граѓаните.
За попустливоста на Заев жестоко реагира и опозицијата, вели потезите на премиерот се недозволиви, а единствен излез во моментов гледаат во Влада на национален спас.
-Ниту оваа квинслиншка Влада од нашата колективна меморија, од нашите срца ќе ја избрише улогата, ликот и делото на Даме, на Гоце, на Питу, на Хаџи Арсов, на Хаџи Николов. Не е доволно само извинување, туку и оставка, Влада на национален спас, експертска Влада за пребродување на економската здравствената и политичка криза, изјави Мицкоски.
Инаку, дека Македонија и Бугарија се блиску до договор за Гоце Делчев потврдуваат и Заев и Османи. Она што е загрижувачки е дека македонската Влада молчи за што преговара, додека Бугарија е децидна- Гоце Делчев да признаен како Бугарин.
Матеја Петровски