Брачен пар од Дебар болни од корона, соопшти министерот Филипче

Два нови случаи на корона вирусот во Македонија, напиша Филипче на Фејсбук.

-Денеска во попладневните часови, на корона вирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот. Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија, вели Филипче.

Филипче напиша и дека се собираат деталите за пациентите, во 19:30 часот следува прес-конференција во Владата на Република Македонија

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста