Божиќ во Европа се слави „под клуч“

Светот во услови на пандемија, го слави Божиќ  според Грегоријанскиот календар. Без пеење и здравици, размена на подароци, без каков било контакт и со маски – вака христијаните оваа година го празнуваат Христовото раѓање. Верниците  беа принудени да ги откажат или ограничат прославите за Божиќ. Папата Франциск, одржа миса на која присуствуваа помалку од сто верници, заедно со неколку кардинали и епископи. Среќа, здравје и верба во Господ во овие тешки времиња на пандемија е пораката која првиот човек на Ватикан Франциск им ја упати на верниците.

“Во овој историски момент, обележан со голема криза, нарушена економија и социјален дисбаланс, ситуацијата се влоши само со пандемијата на вирусот корона. Важно е да се разбере дека сите сме браќа и сестри”, рече Папата.

Низ Европа, божиќните прослави се откажани. Европјаните Божиќ ќе го слават под силни рестриктивни мерки. Карантинот во Италија ќе биде на сила во текот на најголемиот дел од зимските празници. Полицискиот час во Шпанија ќе биде релаксиран за празниците но ќе биде ограничено движењето меѓу регионите. Голем дел од Англија, веќе од утре, ќе биде под најстроги ограничувања. Речиси сите делови на Шкотска и Северна Ирска исто така ќе бидат под највисоко ниво на забрани по Божик. Во Германија до 10 јануари ќе останат отворени само продавници за храна а приватните собири ќе останат ограничени на најмногу пет лица. 

„Навистина е тажно што мораме вака да го прославиме Божик. Но со оглед на околностите во кои се наоѓаме, сметам дека е оправдано.“

„Многу ми се допаѓаа Божикните пазари кои се оддржуваат секоја година. Сега ќе мораме вака да прославиме и останува да се надеваме дека следната година ќе биде подобро.“ – велат германците.

Грците празничните денови ќе ги поминат под строги рестрикции. Без масовни собири и организирани дочеци и традиционалните шопинзи. Хрватите пак, не можат да го напуштат округот во кој живеат до 8 јануари.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста