Бостон го доби дербито со Лејкерс, Стеф Кари деветти меч по ред со 30+

Дербито на најтрофејните НБА екипи меѓу Бостон и ЛА Лејкерс заврши во корист на Селтикс, и тоа во „Стејплс центарот“ со 121-113. Шапиионот и натаму е без повредените Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, а на овој меч недостасуваше и Андре Драмонд. Гостинот го искористи ова за петта победа по ред, предводен од Браун со 40 поени. Од останатите три средби за издвојување е партијата на Стеф Кари со 33 поени за триумф на Голден Стејт кај Кливленд со 119-101. Кари деветти меч по ред им 30 или повеќе поени. Гостински триумф запиша и Милвоки над Атланта 120-109, а домашниот терен го одбрани Феникс против Сакраменто со 122-114.